Поголема заработка за лекарите, предвидуваат измените од Законот за здравствена заштита | Правдико

Правдико

   

Поголема заработка за лекарите, предвидуваат измените од Законот за здравствена заштита

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Крупни промени во здравствениот систем, гарантираат новите измени на Законот за здравствената заштита кој денеска беше усвоен на седница на Влада на РСМ.

Како што е нагласено во соопштението од ресорното министерство, со новините во законската регулатива се отвора можноста лекарите да заработат уште повеќе, а услугите за пациентите да бидат подостапни.

Министерството за здравство, сега со новите измени овозможува лекари специјалисти да работат во кое било ЈЗУ во државата. Измените на Законот предвидуваат: Лекарите специјалисти вработени во која било државна или приватна здравствена установа да може да дежураат, во која било здравствена установа ширум државата согласно дефицитот на нивната специјалност во одредена болница или регион.

Од крајот на следната година, општите лекари вработени во здравствените домови, и педијатрите и гинеколозите вработени во болничкиот сектор, ќе може да бидат и матични лекари, согласно дефицитот од тие матични лекари, во различни региони од државата, што ги утврдува Министерството.

Во ординациите на матичните лекари, пациентите остануваат во истата ординација доколку нивниот матичен лекар се пенизонира, или го напушти тоа работно место. Со тоа пациентите лесно продолжуваат да се лекуваат во веќе избраната ординација.

На веќе вработените лекари, за шест месечен стаж, како услов за специјализација се смета и времето поминато во здравствената установа каде се вработени.

Законот како што посочуваат надлежните за првпат го регулира и вклучувањето на граѓанските организации во системот на здравствена заштита.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико