Поим и видови на договори за јавни набавки | Правдико

Правдико

   

Поим и видови на договори за јавни набавки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

pregledavanje-dokumenataДоговорот за јавна набавка претставува договор од финансиски интерес кој се склучува во писмена форма, а чии предмет е изведување на работи, испорака на стоки или обезбедување на услуги. Како страни на договорот за јавна набавка се јавуваат од една страна еден или повеќе договорни органи, а од друга страна еден или повеќе економски оператори. И таканаречените секторски договори кои се доделуваат заради вршење на една или на повеќе дејности од областа на водоснабдувањето, енергетиката, транспортот, поштенските услуги и другите опфатени дејности претставуваат договори за јавни набавки.

Видови на договори за јавни набавки

Имајќи предвид дека, предмет на договорот за јавна набавка може да биде испорака на стоки, обезбедување на услуги или изведување на работи можеме да кажеме дека постојат три вида на договори за јавни набавки и тоа:

– договор за јавна набавка на стоки,

– договор за јавна набавка на услуги и

– договор за јавна набавка на работи.

Треба да се напомене дека за договорите зајавна набавка на работи се применуваат различни вредносни прагови при определувањето на рокот на прием на понудите, кои се значително повисоки од вредносните прагови кои се однесуваат за набавка на стоки и услуги.

Договор за јавна набавка на стоки

Предмет на договорот за јавна набавка на стоки претставува набавка на една или повеќе стоки, преку купување веднаш, купување со одложено плаќање или изнајмување со или без опција за купување на стоката.

Од погоренаведената дефиниција произлегува дека постојат различни методи за набавка на стоките. Купување веднаш значи дека договорниот орган плаќа за стоката која е предмет на договорот во рокот кој е предвиден во договорот, најчесто по нејзината испорака. договорниот орган може да предвиди и поинакви услови на плаќање, на пример, може да се предвиди и купување на стоката со одложено плаќање, односно на рати. Исто така, постои можност стоката да се набави со користење на лизинг.

Договорот за јавна набавка чиј што основен предмет е набавка на стоки, а кој опфаќа и активности за нивно поставување и вградување е договор за јавна набавка на стоки.

technology-phoneДоговор за јавна набавка на услуги

Предмет на договорот за јавна набавка на услуги може да биде обезбедување на една или повеќе услуги, од алинејата 1 на член 17, познати и како „приоритетни“ услуги или пак, обезбедување на една или повеќе услуги, од атнејата 2 на член 17 , наречени уште и „неприоритетни” услуги.

Треба да се напомене дека, законот не се применува на ист начин за сите договори за јавна набавка на услуги. Тој се применува во целост само на приоритетнитe услуги предвидени во член 17 став 1 алинеја 1, додека за „неприоритетните“ услуги се применуваат само мал обем на процедурални правила.

Имено, при доделување на договор за јавна набавка на „неприоритетнт услуги со проценета вредност над 20.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ, се применуваат членовите 2, 33, 34, 35, 36 и 55 од овој закон. Доколку, проценетата вредност на „неприоритетните“ услуги е до 20.000 евра во денарска противвредност, договорниот орган има обврска да води евиденција на склучените договори и истата да ја доставува до Бирото за јавни набавки на полугодишна основа. Во овој случај договорниот орган е должен да ги почитува основните принципи утврдени во членот 2 од законот и членот 103.

Mоже да се случи, договорниот орган да доделува договори за јавни набавки на услуги кои припаѓаат и на двете групи и тоа: приоритетни и неприоритетни. Општо правило е дека доколку во проценетата вредност уделот на приоритетните услуги е еднаков или е поголем од неприоритетните, тогаш се смета дека целиот договор е договор за набавка на приоритетни услуги и договорниот орган има обврска да ги применува одредбите за тие видови на услуги и покрај тоа што договорот може да содржи и неприоритетни услуги. Во спротивно, кога проценетата вредност на неприоритетните услуги е поголема од проценетата вредност на приоритетните, тогаш се смета дека договорот е договор за набавка на неприоритетни услуги.

Доколку не може да се утврди уделот на двата вида на услуги, тогаш се користи рестриктивен пристап и се смета дека уделот на приоритетните услуги е поголем. Доколку се работи за комбинирана набавка на стоки и услуги се смета дека договорот е договор за јавна набавка на стоки ако стоките имаат поголем удел во проценетата вредност од услугите, во спротивно се смета дека договорот е договор за јавна набавка на услуги. Договорот за јавна набавка чиј што основен предмет е обезбедување на услуги, а кој опфаќа и некои активности на градење, е договор за јавна набавка на услуги.

javni nabavkiДоговор за јавна набавка на работи

Предмет на договорот за јавна набавка на работи претставува:

– изведување на активности на градење или изведување на градба,

– проектирање и изведување на активности на градење или проектирање и изведување на градба или

– реализирање, со какви било средства, на градба која одговара на барањата утврдени од договорниот орган и која сама по себе исполнува одредена техничка
и економска функција.

Од наведенава дефиниција произлегува дека, договорот за јавна набавка на работи може да се јави во три случаи. Првиот случај е кога договорниот орган изведува одреден објект (градба) или некои активности на градење (реконструкција, реставрација, уривање и слично) на веќе изготвен проект. Тоа значи дека проектот е веќе набавен во претходно спроведена постапка. Во тој случај договорот за јавна набавка на проектот претставува договор за јавна набавка на услуги, додека договорот за изведување на проектот ќе се смета за договор за јавна набавка на работи. Вториот случај е кога договорниот орган нема изработено проект и сака проектирањето и изведувањето да ги додели со еден договор за јавна набавка во иста постапка. Во таков случај услугата за изработка на проектот влегува во договорот за јавна набавка на работи како целина, заедно со изведбата на објектот или активностите на градење.

Досегашното искуство покажа дека таканаречената набавка „клуч на рака“ која вклучува проектирање и изведување во иста постапка е многу ретка. Третиот случај во пракса ќе се јавува поретко. Имено, од дефиницијата произлегува дека договорот мора да е од финансиски интерес и да биде склучен во писмена форма. Во предвид се земаат работи кои ќе се изведуваат и кои мора да бидат изразени во цена или пак во паричен износ. Меѓутоа, надоместокот на носителот на набавката може, на пример, да се состои од пренос на земјиште или сопственост од страна на договорниот орган. Кога е во прашање предметот
на договорот, законот јасно наведува дека сите договори кои се врзани со изведување на градба или активности на градење со или без дополнителни активности се договори за јавни набавки на работи.

Извадок од Прирачникот за јавни набавки 

–ПРАВДИКО–

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико