Појаснувања за уплатата на придонеси по основ на договор за дело и авторските договори | Правдико

Правдико

   

Појаснувања за уплатата на придонеси по основ на договор за дело и авторските договори

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

izdavanje-dokumenti---janevСпоред автентичното толкување на член 7 став 1 точка 13 и член 7 став 4 како ичлен 10 став 1 точка 16 и член 10 став 2 од Законот под обврзници за плаќање на придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и придонес за задолжително здравствено осигурување се сметаат лицата кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор во било која форма со кој е определен надоместок за извршената работа кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон, освен корисници на пензија според прописите на пензиското и инвалидското осигурување.

Обврзници за плаќање придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и задолжително здраствено осигурување се сметаат и лица кои остваруваат надоместоци односно примања остварени по други основи, а кои произлегуваат од извршување на одредена работа како што се:

– примања на членови на органи на управување и надзор во трговски друштва, органи на управување и надзор на државни и јавни институции и установи (агенции, дирекции, фондови, регулаторни тела, Јавни претпријатија, институти,  заводи и сл.),

– примања кои произлегуваат од извршување на функција од страна на именувани или избрани лица, како и

– примања од членување во други органи, совети, комисии, комитети, тела и слично кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон, односно износ од 9,590 за 2015 г.

Лицата ќе станат обврзници за плаќање придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и задолжително здравствено осигурување  кога збирниот нето износ на приходите од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор во било која форма и приходите од надоместоците односно примањата остварени по други основи, а кои произлегуваат од извршување на одредена работа, како што се примања на членови на органи на управување и надзор во трговски друштва, органи на управување и надзор на државни и јавни институции и установи (агенции, дирекции, фондови, регулаторни тепа, јавни претпријатија,  институти, заводи и сл.), примања кои произлегуваат од извршување на функција од страна на именувани или избрани лица, како и примања од членување во други органи, совети, комисии, комитети, тепа и слично, ќе го надмине износот на минималната плата утврдена со закон, односно за 2015 година износот од 9.590 денари.

Нова дефиниција за основица  за придонеси

Согласно автентичното толкување на одредбата од членот 14 став (1) точка 15 како основица за пресметка и плаќање придонеси се смета бруто надоместокот утврден во договор за дело, авторски договор или друг договор во било која форма со кој е определен надоместок за извршена работа за лице кое остварува приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа Основица за пресметка и плаќање придонеси се смета и бруто надоместокот остварен по други основи, а кои произлегуваат од извршување на одредена работа, како што се примања на членови на органи на управување и надзор во трговски друштва, органи на управување и надзор на државни и јавни институции и установи (агенции, дирекции, фондови,регулаторни тела, јавни претпријатија, институти, заводи и сл.), примања кои произлегуваат од извршување на функција од страна на именувани или избрани лица, како и примања од членување во други органи, совети, комисии, комитети,
тела и слично.

Максимална основица за придонеси

Според член 16 од Законот, највисока основица за пресметување и уплатување на придонесите е износот од шест просечни бруто плати. Највисоката месечна основица ги вклучува сите примања на обврзникот за плаќање на придонеси од работен однос, а согласно дополнувањето на став 3 овој член највисоката основица ги опфаќа и примањата по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа.

Согласно автентичното толкување на став 3 од член 16 од Законот, одредбата на став 3 од овој член треба да се толкува така што највисоката месечна основица од шест просечни плати за пресметување и уплата на придонесите, се однесува одделно за примањата на обврзникот за плаќање на придонеси од работен однос остварени во тековниот месец и одделно за примањата од извршување физичка и/или интелектуална работа врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа.

Извор: ФВ Економско правен консалтинг

Поврзани статии:

– Карактеристики на договорот за дело

– Упатства од ПИОМ за уплата на придонеси од договорите за дело и авторските договори

– Пријавување придонеси кај договорите за дело и авторските договори согласно новите законски измени

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико