Покрената е истрага против HSBC банка во Швајцарија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Обвинителството во Швајцарија започна со истрага во експозитурите на британската HSBC банка како дел од истрагата за перење пари во овие финансиски институции.
Канцеларијата на Обвинителството во Женева истакна дека истрагата е реакција на медиумските извештаи, дека Швајцарска подружница на британската HSBC банка, втора по големина комерцијална банка во светот, му помагала на богати клиенти низ целиот свет да избегнуваат плаќање милиони долари данок, ставајќи ги парите на тајни сметки. Според законите во Швајцарија, казните за перење пари се многу повисоки во споредба со казните за помагање на странски клиенти да избегнуваат данок во нивните држави.
Се истражува за повеќе од 119 милијарди долари на тајни сметки во HSCB банка во Швајцарија, како и за повеќе од 60 000 тајни фајлови со детали за клиенти во банката, вклучувајќи меѓународни криминалци, бизнисмени, политичари и славни личности.
Овие податоци од банката датираат од 2007 година, а се украдени од стручњак за компјутерска сигурност, кој ги предал на властите во Франција, при што предизвика кривични истраги во повеќе држави.
–ПРАВДИКО–