Покрената постапка за екстрадиција на Ел Чапо во САД
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Мексико официјално ја започна постапката за екстрадиција на наркобосот Хоакин Ел Чапо Гузман на САД, три дена откако познатиот бегалец беше фатен по неколку месеци драматична потрага.
Официјалните лица, пак, предупредуваат дека процесот на екстрадиција може да потрае некое време, бидејќи се очекува адвокатите на Гузман да поднесат поплаки и да преземат други потребни чекори кои ќе им овозможат на својот клиент да остане во Мексико, каде што тој два пати успешно избега од максимално обезбедениот затвор.
Мексиканските власти во неделата навечер официјално соопштија дека Ел Чапо е побаран од САД, пренесува Танјуг.
Во соопштението, на Канцеларијата на Мексиканскиот обвинител се вели дека на мексиканските претставници кои работат за меѓународната полициска агенција Интерпол им биле предадени две потерници за Гузман.
Адвокатите на наркобосот сега имаат три дена да ги изведат аргументите против екстрадицијата и 20 дена да изведуваат докази и аргументи, во прилог на голем број на други обвиненија.
Моќниот картел Синалоа шверцувал огромни пратки кокаин и марихуана, и производувал и транспортирал метамфетамин и хероин, главно во САД.