Правдико

   

Покренати две истражни постапки за нерегуларности на изборите во 2014 и 2016 година

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори две истражни постапки поврзани со изборни нерегуларности за време на парламентарните избори и изборите за Претседател на Република Македонија одржани во април 2014 година и предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година.

Obvinitelstvo Skopje

Во истражните постапки опфатени се повеќе лица, помеѓу кои и поранешни високи претставници на Министерството за внатрешни работи, на локална самоуправа и носители на високи функции во одредена политичка партија. Постои основано сомнение дека осомничените како организирани групи го сториле делото преку нудење, давање или ветување на подарок или друга корист за да придобијат лица со избирачко право. Влијанието над лицата од две изборни единици, имало за цел определен начин на вршење на избирачкото право.

Партнери на Правдико