Полански се уште под закана за затвор ако се врати во САД
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Режисерот Роман Полански не може да влезе во САД без да си ја одлежи казната затвор под обвинение за силување малолетничка. Американски судија го одби барањето на Полански да му дозволи да се врати во САД без закана за затвор, по 40 години откако побегна од САД.
Полански го признал делото – силување на 13-годишно девојче во 1977 година, но исплашен избегал во Швајцарија каде морал да отслужи 10-месечен домашен притвор. Адвокатот на Полански изјавил дека 83-годишниот Полански веќе ја отслужил својата казна и оти судот треба да ја разлгеда можноста да го ослободи од кривично гонење. Судот пак ја отфрла таквата можност со образложение дека законот за сите е ист, без оглед што се работи за позната светска личност.
Извор: Макфакс