Политичко акциона и правна рамка за човекови права | Правдико

Правдико

   

Политичко акциона и правна рамка за човекови права

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_3Веќе една деценија борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост, односно концептите за социјална кохезија и социјална инклузија се користат како водечка идеја за постигнување на социјалните цели во Европа од страна на меѓународните и националните креатори на политики.

Заедничко за овие концепти е тоа што се фокусираат кон општествена благосостојба, а хармоничните и стабилни општествени односи се сметаат како составен дел за економски и социјален напредок и мирен соживот.Од голема важност во овој контекст е степенот до кој луѓето се чувствуваат поврзани со општеството, како и нивната лојалност и посветеност на голем број широко споделени вредности и социјални цели. Ова може соодветно да биде претставено единствено во рамката што се однесува на човековите права, која всушност е опфатена со рамката за специфичен, материјален и институционален контекст, како што е Европскиот јавен поредок за заштита на човековите права. Тој вклучува голем број европски меѓувладини организации, меѓу кои се вбројуваат и Советот на Европа (CE) и Европската Унија (ЕУ).

Во овој контекст треба да се земат предвид комплементарноста и поврзаноста меѓу агендата за социјалните и економските права на двете гореспоменати европски организации со соодветниот систем на Обединетите нации (на пример, конвенциите за човекови права, Милениумските развојни цели – МРЦ) и меѓу други меѓународни меѓувладини организации, вклучувајќи ја и Меѓународната организација на трудот (МОТ). Борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост, исто така, беше поставена како важен приоритет на агендата на Република Македонија, особено во изминатите неколку години. Сиромаштијата и социјалната исклученост креираат комплексни и повеќедимензионални проблеми за македонската држава и општество, за чие решавање потребно е да се мобилизираат многу политики и да се ангажираат сите надлежни фактори во земјата.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико