Правдико

   

Полицаец кој не бил на должност нападнал работници на паркинг во Велес и навредувал свој колега

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На велешката улица „Христо Татарчев“ на 20 јуни напладне, работници кои обележувале паркинг-простор биле нападнати од две лица.

При обид на полициски службеник да интервенира, тој бил омаловажуван и навредуван од 55-годишен полицаец, кој бил таму, а не бил на работа и не почитувал наредба од колегата кој службено постапувал.

По ова, 55-годишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико