Полицаец претепан оти предупредил возач за невнимателно возење | Правдико

Правдико

   

Полицаец претепан оти предупредил возач за невнимателно возење

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицаец бил претепан во Тетово откако се обидел да опомене возач за начинот на кој го управувал неговото возило.

Според МВР, додека полициски службеник се движел со возило во правец кон излез од градот за Гостивар, пред него излегол автомобил „фоксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од Б.Ј. (32) од село Слатино, општина Теарце, кое се движело неконтролирано по коловозот.

Го престигнал возилото и го запрел, каде го предупредил Б.Ј. на неговото однесување, како и можното загрозување на сообраќајот. По тоа Б.Ј. почнал да му се заканува, а потоа и физички го нападнал со тупаница во пределот на главата, по што полицаецот паднал на асфалтот, а Б.Ј. продолжил да го удира со клоци и тупаници по целото тело, по што го напуштил местото на настанот.

Во Клиничката болница Тетово на полицискиот службеник му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Истиот ден во просториите на СВР Тетово, во присуство на адвокат, извршен е разговор со Б.Ј. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико