Полицаец се заканувал дека ќе ги убие членовите на комисијата ако неговата ќерка не го положи возачкиот испит | Правдико

Правдико

   

Полицаец се заканувал дека ќе ги убие членовите на комисијата ако неговата ќерка не го положи возачкиот испит

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицаец од Кавадарци вчера физички нападнал и им се заканувал на вработени во испитен центар дека ќе ги убие затоа што неговата ќерка не го положила возачкиот испит.

Во Полициска станица Кавадарци вчера С.Н. (41) од Кавадарци, вработена како претседател на испитен центар во „Здружение на возачи“ – Велес, и Ц.П. (34) од Неготино, вработен како контролор за полагање возачки испит при испитниот центар, пријавиле дека околу 12 часот во службените простории на испитниот центар во Кавадарци, додека извршувале работни задачи, дошол полицискиот службеник во полициска станица Кавадарци во цивилна облека Ј.К. и почнал да упатува закани кон С.Н. поради тоа што неговата ќерка не го положила возачкиот испит.

Ј.К. пред да излезе од канцеларијата упатил сериозни закани кон вработените во испитниот центар дека ќе ги убие со пиштол доколку неговата ќерка не го положи возачкиот испит, по што излегол надвор. За кратко време повторно влегол внатре и физички ги нападнал С.Н. и Ц.П. но истите заедно со нивната колешка М.И. успеале да го отргнат и изнесат Ј.К. во ходникот, каде што истиот почнал да упатува закани дека ќе оди да го земе пиштолот со кој ќе ги убие.

По преземени мерки, на Ј.К. му се одземени  службеното оружје и муниција. Против истиот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело насилство.

За настанот запознаен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички работи и професионални стандарди, кои преземаат соодветни мерки.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико