Полицаецот од Чикаго нема да се гони за убиство на 25-годишниот Афроамериканец | Правдико

Правдико

   

Полицаецот од Чикаго нема да се гони за убиство на 25-годишниот Афроамериканец

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

johnson-sad-epaПолицаецот од Чикаго нема да биде обвинет за убиството во кој загина еден Афроамериканец минатата година во тој американски град, соопштија обвинителите, во понеделникот, кога објавија видео во кое, наводно, се гледа како сомнителното лице вооружено, бега од полицијата за време на инцидентот.

Обвинителката Анита Алварез, изјави дека Роналд Џонсон III “ги игнорирал” наредбите да застане и да го спушти оружјето, додавајќи дека 25-годишниот вперил оружјето кон полицајците пред да биде застрелан од страна на полицаецот Џорџ Хернандез.

На прес-конференцијата, исто така, Алварез ги објави снимките од камерата која се наоѓала на ветробранското стакло на автомобилот, која го снимила пукањето.

Видеото покажува како сомнителна особа бега и како го бркаат неколку полицајци.

Успорената снимка покажува предмет кој личи на пиштол во раката.

Адвокатот на семејството на убиениот изјави дека истрагата за пукањето е “шега” и навреда за семејството и за граѓаните на Кук Каунти.

Одлуката да не се гони Хернандез уследи по помалку од две недели откако се покрена обвинение против друг полицаец кој учествуваше во друга престрелка, а која беше снимена на ист начин – со камери во полициски автомобили.

Препорачуваме

Партнери на Правдико