Полицајци на велосипеди ќе патролираат низ Охрид | Правдико

Правдико

   

Полицајци на велосипеди ќе патролираат низ Охрид

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицајци на велосиипеди од утре ќе патролираат низ Охрид. Патролата е составена од тројца полицајци – велосипедисти кои ќе бидат задолжени да спречуваат кражби и извршување на други кривични дела и прекршоци, да откриваат и спречуваат инциденти по плажите и паркинзите, како и во централното градско подрачје. „Велосипедистите – полицајци ќе работат на реализација на мерките за одржување на јавниот ред и мир за што, имаат посебна полициска обука“, велат од охридкаста полиција.

1006C0B595192548BC66838500501ADD

Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, велосипедската полиција е модерна замисла за нова и современа форма на полициско работење што треба да обезбеди партнерство и поблизок контакт со граѓаните, збогатување со нова содржина во превентивното делување со што кај јавноста треба да се подигне нивото на позитивна перцепција за полицијата како јавен сервис во служба на граѓаните. „Таа е обид за поголема мобилност на полициската служба посебно во летните месеци кога имаме зголемена фрекфенција на сообраќајниците во Охрид, можност за побрзо пристигнување на местото на настанот каде има нарушување на јавниот ред и мир или кражба посебно во централното градско подрачје, откривање и пронаоѓање на сторителите на казнени дела, нов облик во одржувањето на јавниот ред и мир, укажување помош и заштита на граѓани и субјект за поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи утврдени со закон“, додава тој.

Од СВР Охрид сметаат дека патролата во изминативе осум години од функционирањето, целосно го оправдала своето постоење и значително придонела во подигнувањето на степенот на севкупната безбедност во Охрид. Патролата претставува посебна туристичка атракција која со воодушевување е прифатена од охриѓани и од туристите.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико