Полиција и кордони на судењето за Чавков и пратениците | Правдико

Правдико

   

Полиција и кордони на судењето за Чавков и пратениците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Десетици поддржувачи од здружението на „Андон Јанев Ќосето“ со македонски знамиња се собраа денеска пред кривичниот суд за да им изразат поддршка на Чавков и пратениците за судењето за настаните од крвавиот четврток во 2017 година.

 

Дел од присутните носат црни маички на кои пишува Ќосето. Поради ваквиот собир на поддржувачите, евидентно е и зголемено полициско присуство пред судот.

На обвинителна клупа за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, треба да се појават ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, како и петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Вкупно обвинети за крвавиот четврток во Собранието се 30 лица.

Предметот ќе го води судијката Добрила Кацарска, која го осуди експремиерот Никола Груевски на казна затвор од 2 години за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“. Судијката закажа вкупно 38 рочишта, од кои 5 во август, 6 во септември, 10 во октомври и 17 во ноември.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико