Правдико

   

Полицијата до граѓаните: Не наседнувајте на повиците за наводни сообраќајни несреќи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Речиси секојдневно до полицијата стигнуваат пријави од измамени граѓани, а во врска со наводни сообраќајни несреќи и плаќање големи суми.

76-годишен жител на Охрид е последната жртва. Тој бил измамен од едно лице за сума од 650 евра и 40.000 денари. Според пријавеното, околу 15 часот измамникот му се јавил на неговиот мобилен телефон и му соопштил дека бил очевидец на сообраќајна незгода со смртни последици, предизвикана од неговата ќерка во една соседна земја. Исто така, лицето му побарало 25.000 евра за да помогне ќерка му да ја избегне затворската казна.

Како што е пријавено, лицето се согласило и за помала сума и набргу пријавителот му дал 650 евра и 40.000 денари.

СВР Охрид апелира до граѓаните, особено до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични информации добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 192 или во најблиската полициската станица.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико