Полицијата еден месец трага по бизнисменот во бегство Сеад Кочан | Правдико

Правдико

   

Полицијата еден месец трага по бизнисменот во бегство Сеад Кочан

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан, oсомничен во случајот „Труст“ на СЈО веќе еден месец е во бегство. Од МВР за Макфакс велат дека засега немаат нови дополнителни информации околу потрагата на Кочан. Адвокатот на Кочан, Никола Додевски не беше достапен за коментар на прашањето на Макфакс.

Апелациониот суд на 16 ја потврди одлуката на Кривичниот суд за определување мерка за обезбедување присуство. Во решението беше обраложено дека полицијата во два наврати го барала Кочан на домашната адреса и тоа на 10 и 13 март. Во одлуката пишува дека во домот на Кочан била затекната неговата сопруга, која не знаела да посочи каде би можел да биде нејзиниот сопруг, па против него МВР распиша меѓународна потерница и екстрадиција.

Кочан официјално ја напуштил земјава на 9 март во 13,53 часот. Во пресудата на Апелација пишува дека Конвенцијата за заштита на човековите права не го определува правото на слобода и сигурност како право без ограничувања, со оглед на можноста тоа да биде ограничено во строго определени случаи, меѓу кои се вбројува и опасноста од бегство, како што е тоа случај во конкретната кривична постапка.

Притворот на Кочан беше определен во истрагата на СЈО со кодно име „Труст“ против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „ВАТО“ за фалсификувани документи за учество на тендер на АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Според наодите на СЈО, ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат имотна корист од над 17 милиони евра. Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011. Судот побара притвот и против второосомничениот Василије Авировиќ, но нему судот му забрани да одржува контакти или врски со определени лица и мерка забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Инаку дел од медиумите пишуваат дека предметот за избеганиот бизнисмен Сеад Кочан, со кој обвинителот Марко Зврлевски бара укинување на притворот и враќање на предметот на повторно одлучување, со електронска распределба на предметите се паднал кај експретседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико