Полицијата ги отвори досега запечатените простории во Собранието | Правдико

Правдико

   

Полицијата ги отвори досега запечатените простории во Собранието

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По наредба на Јавен обвинител полициски службеници предмалку ги скршија печатите и се отворија вратите на прес-центарот во Собранието на Република Македонија каде се одвиваа најголем дел од насилните инциденти минатиот четврток, кога толпата се проби во парламентот и нападна дел од пратениците, новинарите и собраниското обезбедување, реагирајќи на изборот на Талат Џафери за нов собраниски спикер.

Полициските претставници не дозволуваат снимање во просторијата на прес центарот додека трае увидот, а новинарските екипи чија што техника настрада за време на насилствата стрпливо чекаат за да си ги земат своите работи.

Инаку, иако во Собранието се уште не се оддржуваат пленарни седници, атмосферата е вратена „во нормала“, исчистени се просториите и собрани се сите остатоци од искршени предмети ноќта кога се случуваше хаосот. Како што најави вчера од Брисел, спикерот Џафери ќе чека претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да му го даде мандатот за формирање на нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, а дури потоа ќе закаже седница за избор на влада. Рокот во кој Иванов треба да се изјасни околу давањето на мандатот истекува на крајот на следната недела.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико