Правдико

   

Полицијата ги засили контролите во Тетово и Штип поради возење под дејство на алкохол

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Изминатиот викенд во Тетово и Штип беа спроведени засилени акциски контроли за возачи што управуваат возила под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На подрачјето на Тетово во акциската контрола биле контролирани 127 возачи, 82 во Тетово и 45 во Гостивар, при што било констатирано дека 11 лица ги управувале возилата под дејство на алкохол. Сите лица биле исклучени од сообраќај и привремено им се одземени возачките дозволи, а изготвени им се и мандатни платни налози. Во акциската контрола биле констирани и над дваесетина други видови прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

Во акциската контрола во изминатите два дена во Штип контролирани биле 186 возачи, при што кај 23 возачи констатирано е присуство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, привремено им се одземени возачките дозволи и издадени им се мандатни платни налози. Eвидентирани се и 12 други сообраќајни прекршоци и за нив се издадени соодветни санкции.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени акциски контроли со цел санкционирање на сообраќајните прекршоци и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико