Правдико

   

Полицијата го бара убиецот на жената во Охрид

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Охрид презема интензивни мерки за расчистување на кривичното дело „разбојништво со последица смрт“ извршено во понедленик, на улицата „Галичица“ бр.31/21 во Охрид.

СВР Охрид трага по сторител кој во текот на вчерашниот ден, во времето од 11.30 часот до 19.25 часот, влегол во станот на Спаса Б. (67) од Охрид, со опасно орудие-најверојатно нож ја нападнал и ѝ задал повеќе смртоносни убодни рани во пределот на главата, вратот и телото, а потоа извршил пребарување низ собите.

По извршување на кривичното дело, сторителот ја заклучил влезната врата и незабележан го напуштил станот.

На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Охрид во содејство со полициски екипи од СВР Охрид. По наредба на Јавниот обвинител, денеска врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција во Медицинскиот центар во Битола.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико