Полицијата најави засилени контроли во Охрид | Правдико

Правдико

   

Полицијата најави засилени контроли во Охрид

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Охридската полиција најави засилени контроли на сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, во викенд-населбите, како и во верските храмови, и тоа од денеска, во текот на викендот, па сè до вторник.

„Засилените мерки за контрола на парковите, излетничките места и викенд-населбите почнуваат денеска од 16 часот и ќе траат до 21 април, вторник, до 5 часот. Дополнително, мерки за контрола ќе се преземаат и околу верските храмови, што е во согласност со одлуката на Владата за продолжување на забраната и посебниот режим на движење за време на претстојниот христијански празник Велигден, што ќе почнат од 17 април, петок, од 16 часот, па сѐ до 21 април, вторник, до 5 часот“, соопшти СВР Охрид.

Од таму упатија апел до граѓаните строго да ги почитуваат одлуките на Владата за забрана за движење, како и совесно и дисциплинирано да се придржуваат до сите други препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот.

„Сите оние што ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани во согласност со член 205 и 206 од Кривичниот законик“, наведуваат од СВР Охрид.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико