Полицијата, новинарите и воспитувачките се во групата на оние што ќе се вакцинираат од понеделник | Правдико

Правдико

   

Полицијата, новинарите и воспитувачките се во групата на оние што ќе се вакцинираат од понеделник

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Националната техничка група за имунизација против Ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да почне и вакцинацијата на вработените во критичната државна инфраструктура.

Вкупно 4.000 вакцини ќе бидат издвоени за овие категории од првичните 24.000 вакцини што веќе пристигнаа и со кои од утре почнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години.

Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР, кои се најизложени на ризик, а за кои МВР треба да достави списоци во согласност со ризикот, вработени во АРМ исто така во согласност со список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во Обвинителството и во судовите, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

„Со оваа одлука техничката група за имунизација смета дека ќе се заштитат оние вработени што имаат најмногу контакти и се во голем ризик“, велат од Министерството за здравство.

Сите други групи, во согласност со степенот на ризик, ќе бидат вакцинирани во следните фази и се апелира на трпение и разбирање. Министерството за здравство уште еднаш ги потсетува граѓаните да продолжат максимално да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико