Полицијата пронајде оружје и муниција при претрес во куќи во скопската населба Ченто | Правдико

Правдико

   

Полицијата пронајде оружје и муниција при претрес во куќи во скопската населба Ченто

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во скопската населба Ченто денеска извршила претрес во домовите на шест лица.

Како што информираат од МВР, акцијата била спроведена по добиени оперативни сознанија дека станува збор за можни сторители на кривични дела недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Претресот бил извршен во домовите на лицата: А.А. (35), Р.А. (48), Х.А. (47), А.А. (45), А.А. (40) и И.М. (49) на улицата Фуштанска и на улицата „Методија Андонов – Ченто“, при што откриени и запленети биле една автоматска пушка, две рамки за муниција, една воздушна пушка, прибор за чистење и пластичен куфер, еден метален пиштол со дрвен ракофат „М 57“ во калибар 7,62 милиметри со вметната рамка со осум куршуми, еден пиштол „зораки М 906-В“ во калибар 7,65 милиметри, една рамка со шест куршуми во калибар 7,65, како и едно пакување со непозната грутчеста кафеава материја. Исто така, откриена и одземена била и уште една пушка.

Како што информираат од МВР, лицата биле приведени и со нив бил извршен разговор, а Единицата за недозволена трговија во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје по целосно документирање на случајот, до Основното јавно обвинителство ќе достави соодветни поднесоци.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико