Полицијата се судри со демонстрантите во Атина | Правдико

Правдико

   

Полицијата се судри со демонстрантите во Атина

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На улиците на Атина денеска избија судири меѓу полицијата и демонстрантите кои се противат на реформите во системот за социјално осигурување.

atina-protesti

Засега нема извештаи за повредени.

Пред грчкиот парламент се собраа околу 2.000 лица, кои се обидоа да го пробијат кордонот и да тргнат кон зградата на владата.

Реформите на системот за социјално осигурување се дел од програмата што грчката влада ја прифати за да добие нова транша помош од меѓународните кредитори.

Реформите подразбираат дека вработените сега ќе плаќаат поголеми продонеси за осигурување отколку досега.

Актуелната влада тврди дека ова решение е подобро отколку да се намалат пензиите.

Спроведувањето на таквите реформи, сепак, би можело да доведе до намалување на платите во многу сектори.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико