Полицијата со „мрежа“ против наркодилерите | Правдико

Правдико

   

Полицијата со „мрежа“ против наркодилерите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со обезбедување материјални докази против криминална група која се занимава со улична препродажба на дрога во Скопје, Министерството за внатрешни работи денеска ја почна акцијата „Мрежа“ за сузбивање на недозволената трговија со наркотици.

4D7363F6D8122143A499EA2E86C6A35C

– Со почнувањето на оваа акција, отвараме широк фронт против дрогата која се растура на улиците низ целата држава и очекуваме широка поддршка од граѓаните. Веќе профилиравме поединци и групи кои на ситно препродаваат различни видови дрога, доведувајќи ги во опасност животите на илјадници млади лица во Скопје и во останатите градови, рече министерката за внатрешни работи Горадна Јанкулоска на денешната прес-конференција.

За старт на оваа акција, која ќе продолжи и во наредниот период, обезбедени се материјални докази против криминална група која се занимава со недозволена трговија со наркотична дрога, амфетамини и марихуана.

– Неодамна беа лишени од слобода две лица на возраст од 30 и 35 години. Кај едниот од нив беа пронајдени две пакувања наркотична дрога марихуана, додека кај вториот беа пронајдени и одземени 50 грама наркотична дрога марихуана. За двете лица беше утврдено дека марихуаната ја имаат набавено од 32 годишно лице, дилер од Скопје-организатор на криминалната група, истакна Јанкулоска.

Вчера, додаде, од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога извршен е претрес во домот на организаторот на Криминалната група кој не беше пронајден во неговиот дом.

– При вршењето на претресот пронајден е прибор за пакување и мерење на наркотична дрога, Два лап-топ компјутери и неговите лични телефони. Откриени се и два бункери за складирање на наркотичната дрога и тоа едниот во шанкот на дневната соба, а вториот во подот под брачниот кревет во спалната соба, како и многу други украсни предмети во кои има изработено специјален простор за складирање и чување на наркотична дрога. Предметите се одземени со потврда за привремено одземени предмети, посочи Јанкулоска.

Во бункерите, прецизира Јанкулоска, е пронајдена одредена количина дрога, но додаде дека и онака не очекувале да пронајдат поголема количина надрога, бидејќи се работи за група која с езанимава со растурање надрога во мали количини за учишна продажба.

– Денеска беа извршени претреси во домот на три лица за кои Секторот за недозволена трговија со дрога поседува информации дека соработувале со организаторот, при што кај едно 26 годишно лице пронајдени се пет грама наркотична дрога марихуана, две цигари со марихуана и 300 семки, истакна Јанкулоска.

Секторот за недозволена трговија со дрога по целосно расчистување и документирање на случајот ќе поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ против организаторот од Скопје, како и против трите други лица од кои две се од Струмица, а едно од Скопје, сите членови на криминалната група.

– Одделот за недозволена трговија со наркотици и понатаму ќе продолжи да презема дополнителни мерки и активности, а ние како служба во целост им стоиме на граѓаните и ги повикуваме да ги пријавуваат сите сомнителни лица во нивните средини, нагласи Јанкулоска.

Таа посочи дека постојат индиции оти вакви активности за улична продажба на дрога постојат и во другите градови во Македонија.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико