Полицијата спроведе акција против дивите трки на мотоциклисти во Скопје | Правдико

Правдико

   

Полицијата спроведе акција против дивите трки на мотоциклисти во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа биле преземени посебни мерки и активности во делот на сообраќајот за спречување на организирање и учество во диви трки на мотоциклисти.

Од страна на полицијата привремно биле задржани пет мотоцикли поради постоење сомнение дека во нив се вградени одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените издувни системи. Против нивните сопственици, како што соопшти МВР,  ќе  бидат преземени  мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај  и Закон за возила.

Покрај ова, полицијата презела вкупно 27 мерки за сторени сообраќајни прекршоци по разни основи.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико