Полицијата трага по напаѓачот на возачот на турската амбасадорка | Правдико

Правдико

   

Полицијата трага по напаѓачот на возачот на турската амбасадорка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на непознатото лице кое вчера попладне физички го нападна возачот на турската амбасадорка во Македонија, додека со службеното возило бил паркиран пред македонското Министерство за култура.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, вчера во 16:15 часот во Скопје, пред Министерство за култура било паркирано  возило „Мерцедес“ со дипломатски таблички од Амбасадата на Турција. Во еден момент дошло непознато лице и се обидело да го извади знамето на Турција од возилото. Откако не успеало во намерата, физички го нападнал О.С. (57) од Скопје, возач на турската амбасадорка во државава.

Напаѓачот го удрил возачот со тупаница во пределот на главата, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот, соопштија од МВР.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико