Полицијата уапси маж кој држеше 15 заложници во супермаркет во Белгија | Правдико

Правдико

   

Полицијата уапси маж кој држеше 15 заложници во супермаркет во Белгија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

belgijaВооружен маж држел 15 лица како заложници во супермаркет „Карфур“ во предградие во Белгија, соопшти полицијата.

Локалните медиуми јавуваат дека заложничката драма почнала околу седум часот попладне откако напаѓачот не успеал во својот план да го ограбат објектот.

Очевидци на телевизијата „ВРТ“ изјавија дека напаѓачот се заканувал со нож.

Полициски единици веднаш пристигнале на местото на инцидентот и набрзо успеале да го разоружат напаѓачот и да ги ослободат заложниците.

Засега нема индиции дека киднаперот подготвувал терористички напад, но полицијата е во состојба на зголемена готовност, особено по последниот напад на меѓународниот аеродром и на метро-станицата во Брисел, извршен во март годинава.

Извор: Meta.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико