Полицијата уапси „осомничен терорист“ по инцидентот кај британскиот Парламент | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Полицијата уапси „осомничен терорист“ по инцидентот кај британскиот Парламент

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уапсено е едно лице поради сомненија за „терористички дела“, откако автомобил се удри во безбедносна бариера пред британскиот Парламент, соопшти лондонската полиција.

Полициските служби денеска наведоа дека ударот на автомобилот го сметаат за терористички напад и оти истрагата ја води Командата за борба против тероризмот.

„Мажот кој го возеше автомобилот беше уапсен од полицијата на местото на настанот“, соопшти денеска полицијата на Твитер.

Полицијата наведе дека не е пронајдено никакво оружје на местото на настанот во околината на Вестминстер.

Најмалку две лица биле погодени од автомобилот и биле пренесени во болница, но полицијата соопшти дека ниту едно лице не е во состојба опасна по живот.

Очевидци велат дека се чинело оти возачот намерно го возел автомобилот со голема брзина во погрешна страна на патот и удрил во неколку велосипедисти, а потоа забрзал во бариерата.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико