Полицијата во Косово уапси 19 лица за планирање терористички напади | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Полицијата во Косово уапси 19 лица за планирање терористички напади

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policija kosovoПолицијата во Косово, соопшти дека уапсила 19 лица во изминатите 10 дена, под сомнение за врски со Исламската држава и планирање да извршат напади во Косово и во Албанија.

Полицијата соопшти дека осомничените биле во контакт со член на Исламската држава, самопрогласениот “командант на Албанците во Сирија и во Ирак”, Лавдрим Мухачери, од кого добил наредба за напад.

“Тие планирале да извршат терористички напади во Косово и исто така (напад), против израелскиот фудбалски тим и нивните навивачи за време на натпреварот на Албанија и Израел”, стои во соопштението на полицијата во вечерните часови.

Полицијата соопшти дека осомничените планирале да извршуваат “синхронизирани терористички напади”, но не даде детали. Во акцијата биле одземени експлозиви, оружје, муниција и беспилотни летала.

Најмалку 200 лица се приведени или сослушани во Косово поради нивните наводни врски со Исламската држава во последниве години,а вкупно 300 Косовари отидоа во Сирија за да се борат заедно со исламската држава.

Меѓународни и локални агенции за обезбедување во Косово, вклучително и мисијата на НАТО и полициската мисија на ЕУ, се загрижени дека многу од оние кои се враќаат дома од воени зони би можеле да претставуваат закана за безбедноста.

Препорачуваме

Партнери на Правдико