Полицијата во Лос Анџелес уби двајца, од кои едниот малолетник
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата во американката метропола Лос Анџелес уби две лица, малолетен афроамериканец и латиноемериканец, тврдејќи дека првиот носел „наполнето оружје“, а другиот имал само лажен пиштол, што поттикна нови протести, пишуваат во вторникот американските медиуми.
По убиството на овие две лица, бројот на жртвите кои полицијата во сојузната американска држава Калифорнија ги уби само во последните пет дена се искачи на три.
Полицискиот оддел на Лос Анџелес, познат по акронимот LAPD, во понеделникот објави фотографија на „наполнетото оружје пронајдено“ кај 18-годишниот Карнел Снел кој во саботата е застрелан на југот од метрополата.
Началникот на LAPD, Чарли Бек, на прес-конференција во понеделникот изјави дека полицајците се обиделе да го приведат Снел, но тој започнал да бега. Додека полицајците трчале по него, Снел се свртел кон нив со оружје во рацете и тие запукале кон него и го застрелале.
Полицајците не биле опремени со надзорни камери на нивните униформи, но на снимката од надзорната камера во близина на местото на инцидентот се потврдува дека Снел бил вооружен. На околу шест метри од неговото безживотно телот бил пронајден целосно наполнет полуавтоматски пиштол. Како што истакна Бек, од ова оружје не било пукано.
Вториот инцидент се случил во неделата, исто така, на југот од Лос Анџелес. Полицијата примила дојава за латиноамериканец кој има оружје. Кога сакале да му се приближат, мажот чиј идентитет не е откриен, се свртел кон полицајците држејќи нешто во раката што личело на оружје и полицајците го застрелале. Подоцна лосанџелеската полиција објави дека пиштолот бил лажен.
,Како што пренесува Associated Press, Бек истакнува дека полициските службеници употребиле оружје во услови кога постоела реална закана за нивните животи.
„Правиме сé што е можно, да се одземе оружјето од оние кои може да го употребат против други луѓе, а понекогаш тоа доведува тоа животите на полициските службеници во Лос Анџелес да се загрозени и полицајците мора да се заштитат“, вели полицискиот началник Бек.
Притоа нагласи дека од почетокот на годинава повеќе од 450 луѓе биле ранети во квартовите во кои се случија овие полициски убиства, а „во последните два случаи, од овој викенд, полицајците стравувале за своите животи“.
Овие убиства, кои се случија во периодот кога во САД одново се разгоруваат расните тензии поради полициските убиства на црни, често невооружени и судирите со силите на редот, повторно ја разгневија американската јавност. Во саботата ноќта во Лос Анџелес се одржал мирен протест, а во понеделникот три жени се уапсени кога група до 25 демонстранти се обиделе да ја прекинат прес-конференцијата на полицискиот началник Бек, изјавил за AFP портпаролот на LAPD.
Извор: Макфакс