Полицијата во „лов“ на танчерки во Гостиварско
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полициски службеници од СВР Тетово и од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово ноќеска спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Добридол, Гостиварско, сопственост на Б.Р.(25).
Притоа во објектот биле затекнати седум танчерки, од кои четири биле странски и три државјанки на Република Македонија.Четирите странски државјанки (три од Република Косово и една од Република Словенија), на возраст од 20 до 32 години, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. Во исто време била спроведена акциска контрола и во угостителски објект во село Чегране, Гостиварско, во кој биле затекнати осум женски лица, сите македонски државјанки.
Извор: Макфакс