Полицијата вратила седуммина ѓуленисти во Турција! | Правдико

Правдико

   

Полицијата вратила седуммина ѓуленисти во Турција!

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Има ли во Бугарија лов на ѓуленисти? На ова прашање се обидоа да одговорат во емисијата „Бугарија наутро“ на Бугарија он ер во која учествуваа поранешниот генерален конзул на Бугарија во Едрене Георги Димов и историчарот и писател Ибрахим Карахасан-Чернар, по враќањето на седум турски државјани, кои се осомничени за учество во обидот за преврат против претседателот Реџеп Ердоган.

20102016101104_web_kapikule

– Моја претпоставка е дека на високо ниво беа прецизирани работите за враќањето на овие луѓе. Вистината е дека откако поминале нелегално во нашата земја, тие ги прекршиле бугарските закони. Во согласност со конвенцијата, на која е потписник и Бугарија, на овие луѓе треба на некој начин да им се обезбеди адвокат, фер судење итн. Но тие се вратени на еден начин што не кореспондира со современите демократски вредности – изјави Чернар.

Тој истакна дека во согласност со Уставот претседателот на Бугарија има овластувања да заземе став за случајот, како и народниот правобранител, кои не биле информирани од бугарското МВР.
– За мене ова е нешто што е направено зад грбот на општеството – констатира Ибрахим Карахасан.
Според информациите објавени во медиумите синот на едниот од вратените турски државјани вели дека татко му побарал азил во Бугарија.

Георги Димов сепак ja исклучи можноста дека протераните лица барале азил во Бугарија, бидејќи тие биле фатени на територијата на Романија и потоа вратени во Бугарија.
– Aко тие сметаат дека Бугарија е безбедна држава, тие би требало штом ja минат границата да слезат и да направат чекори за да добијат азил – вели тој.
Народната правобранителка Маја Манолова не била известена за протерување од земјата на седумтемина турски државјани, осомничени за учество во обидот за преврат против претседателот Реџеп Ердоган.
– Не можам да ги коментирам причините за издавањето на наредбите за протерување – рече Манолова, која е цитирана од „Фокус“.

– Но факт е дека од МВР не ja исполниле својата законска обврска да ме информираат за протерувањето на турските граѓани, за да остварам надзор над оваа постапка – ниту мене, ниту некоја друга набљудувачка група – рече Маја Манолова.
Седумтемина граѓани на Турција биле откриени на 12 октомври од граничната полиција во каросеријата на камион што патувал за Романија. Меѓу нив се поранешни полициски шефови, професори и новинар од опозицискиот весник „Заман“. За сите нив турските власти ималe издадени налози за апсење поради врски со организацијата на Фетулах Ѓулен, која е обвинета за обидот за преврат во јули годинава.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико