Полициска акција за откривање лица кои криумчареле мигранти | Правдико

Правдико

   

Полициска акција за откривање лица кои криумчареле мигранти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

migranti1Од утрово полицијата спроведува голема акција за разбивање криминална група која илегално транспортирала мигранти во кумановскиот регион.

Осомничените криминалци спроведувале поголеми групи мигранти од земјите на Блискиот Исток и на Северна Африка, кои ги преземале од Грција и ги транспортирале до земјите на ЕУ преку територијата на Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи не даваат повеќе информации и посочуваат дека детали за акцијата ќе има во текот на утрешниот ден бидејќи акцијата сè уште трае.

Пред неколку дена слична акција беше организирана во село Ваксинце, каде шверцери барале откуп за мигранти.

Извор: МЕТА.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико