Полициска рација во бегалски камп во Грција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Грчката полиција притвори најмалку 10 луѓе во двочасовната операција која денеска беше спроведена во центарот за мигранти и бегалци на островот Хиос.
Двочасовната рација во кампот Суда започна утрово со десетици полицајци кои ги пребарувале шаторите и ги испрашуваше мигрантите поради ескалација на тензиите меѓу ривалските етнички групи кои престојуваат во објектот.
Рацијата, во која беа вклучени и припадници на специјална единица и полицајци за борба против дрога, беше спроведена со цел да воспостави ред по неколку случаи на насилство меѓу алжирски и авганистански мигранти во преполнетиот камп, велат од полицијата за грчките медиуми.
Извор: РСЕ