Полицискиот час го прекршиле 18 лица, најмалку 7 уапсени
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Изминатата ноќ полицискиот час го прекршиле вкупно 18 лица на територијата на државата, информираше денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Од нив, пет лица од Тетово и две лица од Гостивар, кои и покрај опомената и укажувањето од полицајците, се однесувале агресивно кон нив, по што се уапсени. Две лица од Куманово не ја почитувале забраната и кај нив е е најдено и оруже. Полицискиот час го прекршиле и по едно лица од Штип и Радовиш, шест од Кочани, додека во Виница е регистрирано едно прекршување, но лицето побегнало. Опоменати се 74 лица, кои биле во приватни возила.
До сега МВР поднесе девет кривични пријави поднесени по член 206 од Кривичниот закон.Се работи на поднесување кривични пријави за останатите сторители.
Извор: Радио Слободна Европа