Полни раце работа: Извршителите наплатиле 107 милиони евра | Правдико

Правдико

   

Полни раце работа: Извршителите наплатиле 107 милиони евра

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во извештајната 2014 година, бројот на вкупно примени барања за извршување во 99 извршителски канцеларии изнесува 159.575 односно примени се поголем број на предмети од минатата 2013 година, додека пак процентот на завршени предмети (реализација) по однос на примени предмети во оваа извештајна година е во опаѓање и изнесува 30,99 % што претставува намалување во однос на 2013 година кога процентот изнесуваше 33,96%, покажува годишниот извештај на Комората на извршители.

b8735681-4045-4af1-8daa-b7f226573cd2-euros

„Вкупниот износ на наплатени средства од извршување кои извршителите го наплатиле за доверителите во 2014 година изнесува 6.634.421.234 денари или околу 107 милиони евра. Процентот на реализација изразен по подрачја на кои се иманувани извршителите во 2014 година значително се разликува при што подрачје со наголем процент на реализирани извршни исправи е подрачјето на Основните судови Велес, Гевгелија, Кавадарци, Неготино додека пак подрачје на кое има најмала реализација на извршни исправи во однос на примените барања за извршување во тековната година е подрачјето на Основните судови Гостивар и Кичево со процент од 17,93 на реализација“, се вели во извештајот.

Според податоците од оваа година во поглед на висина на наплатени средства за доверителите, извршителите од подрачјето на Основните судови Скопје 1 Скопје и Скопје 2 Скопје имаат најмногу наплатено парични средства и тоа во висина од 3.564.530.914 денари, додека пак извршителите на подрачјето на Основните судови Кочани, Берово, Виница, Делчево наплатиле 88.430.261 денари.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико