Полов напад врз тригодишно дете болно од церебрална парализа | Правдико

Правдико

   

Полов напад врз тригодишно дете болно од церебрална парализа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Четириесет и петгодишна мајка од Скопје вчера пријавила дека нејзиниот невенчан сопруг извршил полов напад врз нивното тригодишно дете. Таа рекла дека злоставувањето траело од септември до 7 декември годинава.

13122016143449_web_mvr_logo

Според неа, половиот напад се случил кога напаѓачот остварувал редовни видувања со детето врз основа на решение издадено од страна на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Таа забележала дека по средбите детето е вознемирено, но со оглед на тоа дека детето боледува од церебрална парализа, не можело да каже што се случува на средбите со таткото. Пријавителката го однела детето на специјалист невропсихијатар на преглед, а според наодот од Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, констатирано било дека кај детето постои емотивна вознемиреност.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико