Правдико

   

Половина час за ноќно шетање миленици за викенди

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За викендите во кои поради спречување на ширењето на коронавирусот владата одлучи полицискиот час да почнува од 16 часот, сопствениците на домашни миленици ќе може да ги прошетаат, но, од 20:00 до 20:30 часот и најмногу до сто метри оддалеченост од зградите во кои живеат. Притоа, не смеат да се групираат.

Ова се измените на Уредбата за ограничено движење, донесени денеска на владина седница, а ги соопшти попладнево на Твитер премиерот Оливер Спасовски.

Ветеринарната комора во саботата за МИА информираше дека доставила официјално барање до Владата за измена на Уредбата. Притоа нагласи дека шетањето на милениците треба да се дозволи, но во строго дефинирани услови и време. Како што изјави претседателот на Комората, Томислав Николовски, во вонредна состојба поради коронавирусот кога здравјето на граѓаните е најбитно, не смее да се занемарат и потребите на животните. Секоја промена во нивните навики, посебно на милениците кои се чуваат во станови, предизвикува дополнителен стрес. Одобрување милениците да се шетаат и за време на полицискиот час, бараа и здруженијата за заштита на животните во земјава.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико