Правдико

   

Половина од обвинетите за случајот Тамара не се појавија на судење

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради неисполнети услови за одржување на рочиште, судењето за несовесно работење во случајот со малата Тамара Димовска од Велес која почина чекајќи одобрение за лекување во странство, е одложено за 4 јули.

 

Поранешната директорка на Детската клиника Аспазија Софијанова, според нејзините адвокати, од службени причини,  не била во можност да дојде во Кривичниот суд во Скопје.

Софијанова и 11 други се обвинети за случајот познат во јавноста како Тамара. На судскиот процес денеска не дојдоа ниту обвинетиот Александар Стојановиќ, Шабан Мемети, Ристе Симеонов и Маја Парнарџиева-Змејкова.

Меѓу обвинетите се пет членови на првостепената и пет членови на второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување во странство. Обвинети се и двајцата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗО. На обвинителна клупа, меѓу дванаесеттемина, треба да седнат докторката Аспазија Софијанова,  и ексдиректорите на ФЗО, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемали Мехази.

Тие се обвинети за несовесно работење во службата. Обвинителството постапуваше по допрен глас, а подоцна ја припои кривичната пријава поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права и од мајката на починатата Тамара од Велес. Предметот ќе го суди судијата Марин Станевски.

Извор: НОВАтв

Партнери на Правдико