Полска ја намали старосната граница за пензионирање
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полските пратеници гласаа за намалување на старосната граница за пензионирање и покрај прашањето како ќе се финансира новиот пензиски систем.
Долниот дом денеска гласаше за тоа од октомври следната година, жените да можат да се пензионираат на 60 години, а мажите кога ќе наполнат 65 години.
Според актуелниот систем, старосната граница за пензионирање требаше постепено да се зголемува и пензионирањето за двата пола да биде на 67 години.
Намалувањето на старосната граница било клучно ветување на конзервативната партија Закон и правда.
Извор: Мeta.mk