Полскиот претседател бара референдум за уставни измени | Правдико

Правдико

   

Полскиот претседател бара референдум за уставни измени

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Полска Анджеј Дуда изјави дека следната година во земјата треба да се оддржи референдум за измена на Уставот, пренесе ТАСС.

-Полјаците имаат правото да кажат дали треба да се измени веќе 20 години важечкиот Устав, рече тој по повод денешниот национален празник, Денот на Уставот (од 3 мај 1791 година).

Според Дуда,  дојдено е време за „сериозни дебати за Уставот со учество на народот, а не на елитата“.

Основниот закон во Полска беше утврден од Парламентот на 2 април 1997 година. Во последните неколку години во земјата има расправа за неопходноста од донесување на нов Устав, а политичките партии предлагаат свои концепции и варијанти, забележува ТАСС.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико