Полубратот на Ким Јонг Ун убиен со нервен гас
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полубратот на Ким Јонг Ун, дисидентот Ким Јонг Нам, е убиен со забранет отровен нервен гас, соопштија претставници на истрагата во Малезија. Токсиколошките наоди покажуваат оти Ким Јонг Нам е нападнат со нервниот гаској Обединетите нации го класифицираа како оружје за масовно уништување, а траги од отровната супстанција се пронајдени на неговите лице и очи.
„Прелиминарните резултати од токсиколошката анализа покажуваат дека причина за смрта на Ким Јонг Нам е труење со нервен гас“, изјави директорот на малезиската полиција Калид Абу Бакар.
Пјонгјанг обвинува дека истрагата е политички мотивирна и негира поврзаност со смртта на Ким Јонг Нам, кој беше убиен пред една недела.
Извор: Радио Слободна Европа