Помалку криминал од страна на бегалците | Правдико

Правдико

   

Помалку криминал од страна на бегалците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Колку кривични дела во Германија се извршени од бегалци? Сојузната криминалистичка служба излезе со нови статистички податоци: од јануари до март 2016. нивниот број е 69.000, односно значително помалку отколку претходно.

0,,19313718_303,00

Речиси една третина од 69-те илјади кривични дела се кражби, а веднаш потоа следуваат упади и фалсификати (28 проценти). На трето место се кривични дела насочени против личната слобода. Околу еден процент од кривичните дела се насочени против сексуално самоопределување, а статистиката забележува и девет убиства. Осум од жртвите биле бегалци, а еден Германец.

Податоците произлегуваат од тековните случаи кои се на обработка во сојузот и покраините. Како и при секоја полициска криминалистичка статистика, и овде се работи за број на пријави, односно истраги, а не за донесени пресуди.

Минатиот ноември германската криминалистичка служба (БКА) првпат објави слика на состојбата со криминални дела извршени од бегалци. Тоа требаше да придонесе да запрат гласините дека бегалците извршуваат натпросечно многу кривични дела. „За екстремистите да не подгревааат атмосфера со гласини и полувистини, мора да им спротивставиме факти“, изјави тогаш сојузниот министер за внатрешни работи Томас де Мезие.

Опаѓа бројот на кривични дела

Од јануари 2015 година во Германија се регистрирани повеќе од 1,2 милиони бегалци. Мерено според нивниот удел во овој број, Алжирците, Мароканците, Тунежаните, Србите и Грузијците паѓаат „натпрорционално“ в очи во првиот квартал од годинава. За разлика од тоа, бројот на Сиријци, Авганистанци и Ирачани, кои инаку претставуваат најголеми групи меѓу бегалците, бројот на осомничени за кривични дела е „значително потпропорционален“, мерено според нивниот удел во бројот на бегалци.

Зголемен е бројот на информации од страна на роднини и поддржувачи на исламистички терористички организации во странство кои се наоѓаат на тероторија на Германија. Меѓутоа, во извештајот не е наведен бројот на овие т.н. „загрозувачи“.

Вкупно, бројот на кривични дела извршени од страна на доселеници во првите три месеци од 2016-та е намален за повеќе од 18%. „Најголемиот дел доселеници не сториле никакви кривични дела“, се вели во извештајот, кој е објавен само во куса верзија. Деталниот извештај е означен како доверлив.

Високо ниво на насилство врз бегалци

Извештајот се занимава и со кривичните дела во кои бегалците се жртви. И натаму „на високо ниво“ се политички мотивираните напади врз бегалските домови – 345 вкупно во првиот квартал од годинава. Во целата 2015 година бројот на ваквите кривични дела изнесувал 1.027.БКА проценува дека во иднина „самите баратели на азил (…) ќе се најдат како цел повеќе во фокусот на можни насилства“. Исто така, поврзано со ова, се проценува дека мора да се смета и натаму и со кривични дела насочени против политичари.

Извор: DW

Препорачуваме

Партнери на Правдико