Помилувањата за Груевски, Мијалков, Црвенковски, Јанкулоска и за други, објавени во „Службен весник“ | Правдико

Правдико

   

Помилувањата за Груевски, Мијалков, Црвенковски, Јанкулоска и за други, објавени во „Службен весник“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на сите политичари експресно е објавена во „Службен весник“, каде се наведени имињата на лицата помилувани од претседателот.

sl-vesnik-pomiluvanja-7-860x680

Меѓу нив се и имињата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Зоран Верушевски, Бранко Црвенковски, поранешниот шеф на обезбедувањето на Груевски, Дејан Митровски-Урко.

Најмногу помилувања има за Јанакиески и Јанкулоска. Тие се на врвот на листата на аболирани, со вкупно 29 помилувања, за исто толку дела поврзани со прислушуваните разговори.

Јанакиевски е помилуван 16 пати, Јанкулоска 13, Мијалков е на трето место и е помилуван за 6 дела, Никола Груевски и Мартин Протогер за по 5, а Заев и Зоран Верушевски се помилувани по два пати.

Одлука за помилување, односно ослободување од гонење без спроведување постапка има и за Божидар Јанковски, управител на компанијата „Дајнерс клуб Македонија“ и сопруг на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Меѓу помилуваните од Иванов се најдоа и обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубевски.

Основното јавно обвинителство Скопје против нив отвори постапка под сомневање за малтретирање и за вршење притисок врз сведоци.

Извор: Мета

Партнери на Правдико