Поминаа новите мерки, 38 пратеници му завртеа грб на Ципрас | Правдико

Правдико

   

Поминаа новите мерки, 38 пратеници му завртеа грб на Ципрас

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со 228 гласа за грчкиот парламент го изгласа новиот пакет мерки. Против мерките гласаат 54 пратеници, а воздржани беа шестмина пратеници.

parlament-vo-grcija

Иако мерките поминаа со големо мнозинство, речиси историско, ова гласање беше поразително за премиерот Алексис Ципрас и СИРИЗА. Дури 38 пратеници од левичарската партија не ги поддржаа мерките, со што е зададен сериозен удар на парламентарното единство и поддршката за Ципрас и поставува дилема што ќе се случува следно со владата и политичката партија.

Против мерките гласаа поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис, претседателката на собранието Зои Константопулу, министерот Панајотис Лафазанис и уште 4ца министри и екс заменик министерката за финансии Надиа Валавани. Против мерките од опозицијата гласаше само Кирјакос Мицотакис.

Премиерот Ципрас пред гласањето истакна дека секој глас против е глас против левичарската влада, како и дека тој ќе преземе одговорност за се, но нема да биде тој што ќе ја урне првата левичарска влада.

По оваа голема загуба од речиси 40 пратеници со што останува отворено прашањето кои се следните чекори на Ципрас во врска со владата односно дали ќе се одлучи за реконструкција и ако да, колку драстична би била таа.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико