Правдико

   

Помирувањето за „27 април“ зад затворени врати

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собраниското координативно тело за помирување и интеграција претпладнево зад затворена врата го почна состанокот на кој треба да се изнесат размислување во врска со содржината на законот за помирување за насилствата во Собранието од 27 април минатата година.

Координативното тело го предводат потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски и Емилија Александрова од независната пратеничка група, а брои 25 членови меѓу кои потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ, и претставници на независните пратеници и партиите кои немаат пратенички групи. Состанокот е затворен за јавноста, а на него не присуствуваат дел од членовите кои се отсутни поради службени обврски.

Претходно во јавноста излегоа информации дека веќе е подготвен нацрт закон за амнестија, но официјална потврда за тоа сè уште нема.

Дали законот за помирување ќе има поддршка од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе зависи од тоа што ќе биде понудено, посочија пратеници од оваа пратеничка група, без оглед на тоа што тие не учествуваат во работата на ова тело. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложи, но владејачкото мнозинство не прифати закон за целосна амнестија за насилствата од 27 април. Од СДСМ повторија дека не смее и не може да има амнестија за оние кои планирале, нарачале и извршиле насилство на 27 април.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико