Пописот влегува во завршна фаза | Правдико

Правдико

   

Пописот влегува во завршна фаза

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во последните три дена од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет. Помалите пописни реони  низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки.

Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен.

Државниот завод за статистика со сиот расположлив потенцијал работи непрекинато и според утврдените рокови  предвидени во Законот за Попис.

Партнери на Правдико