ПОПOЛНЕТЕ ГО ПРАШАЛНИКОТ: „Процесната положба на одбраната во кривичната постапка“ | Правдико

Правдико

   

ПОПOЛНЕТЕ ГО ПРАШАЛНИКОТ: „Процесната положба на одбраната во кривичната постапка“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатската комора на РМ во соработка со другите комори, членки на Балканската регионална мрежа за владеење на правото, го имплементира проектот „Реформа на кривичното процесно законодавство“, поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД).

adv

Проектот има за цел да ги идентификува најголемите и најчестите проблеми во однос на процесната позиција на одбраната во регионот, како и да се залага за подобрувањa во оваа област, и de jure и de facto. Како дел од проектот, детална анализа ќе биде направена помеѓу адвокатите во регионот кои имаат искуство во полето на кривичното право. Целта на ова истражување е да се идентификуваат најчестите проблеми на одбраната во регионот.

Веруваме дека Вашето искуство во оваа област ќе биде корисно за спроведување на истражувањето. Затоа, ве молиме пополнете го прашалникот и на прашањата одговорете детално и истовремено додадете дополнителни предлози, коментари или прашања.

Авторите на истражувањето ќе ги користат податоците од прашалникот исклучиво за потребите на истражувањето. Со сите лични податоци кои ќе се приберат преку ова истражување, ќе се постапува во согласност со правилата и стандардите за заштита на личните податоци.

Извор: Адвокатска Комора на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико