Попоски и Јолевски на состанок на Северно -атлантскиот совет на НАТО и Македонија во Брисел | Правдико

Правдико

   

Попоски и Јолевски на состанок на Северно -атлантскиот совет на НАТО и Македонија во Брисел

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министрите за надворешни работи и за одбрана, Никола Попоски и Зоран Јолевски, денеска ќе учествуваат на редовниот годишен состанок на Република Македонија со Северно-атлантскиот Совет на НАТО, на ниво на амбасадори на земјите-членки на Алијансата.

20140908102824_thumbnail

Како што соопшти МНР, согласно воспоставената пракса, на состанокот ќе бидат претставени постигнатите резултати на Македонија во реализацијата на севкупните реформи предвидени со Акцискиот план за членство во НАТО, со посебен акцент на политичко-економските и одбранбено-безбедносните постигнувања.

Со овој состанок ќе биде затворен 16. циклус на имплементацијата на Акцискиот план за членство на Република Македонија во НАТО за 2014-2015 година.

Во рамки на посетата е предвидено министрите Попоски и Јолевски да имаат средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико