Правдико

   

Поради болест на обвинет, одложено рочиштето за „Топлик“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рочиштето за случајот „Топлик“ на СЈО е одложено поради отсуство на Димитар Димовски, кој е еден од шесте обвинети. Адвокатот Тони Менкиновски до судот достави медицинска документација, со која потврди дека обвинетиот од утрово е во болница, но со ова не се согласи судијата Осман Шабани, кој истакна дека во белешките што се доставени пишува дека препишаната терапија е за домашно лекување. На ова адвокатот на Димовски рече дека обвинетиот има отворено боледување.

Во „Топлик“ првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавните набавки, составил комисија за јавни наддавања, на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев Град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Судењето е презакажано за 30 март.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико